Реакциите на Османи и Адеми кога дознаа дека Груби е ставен на црната листа на САД (ВИДЕО)

Додека ДУИ „чува стража“ пред Уставен, како бомба одекна веста дека Груби е ставен на црната листа на САД. На социјалните мрежи се појави и видео кое наводно го покажува токму моментот кога аберот стигнува до Бујар Османи и Арбер Адеми.

Се работи за исечок од јавувањето во живо на ПорталХ на новинарот Фуркан Салиу. Иако не можеме со сигурност да знаеме што чита Османи од телефонот во моментот фатен на видеото, по говорот на телото и погледот што го разменуваат со Адеми, се чини дека се работи токму за информацијата што го изненади и самиот Артан Груби.