Ако финансиската помош од Западот не биде одобрена наскоро, милиони Украинци ќе треба „да чекаат“ за платите и пензиите

Украинската влада се соочува со можност да ја одложи исплатата на пензиите и платите на јавните службеници, доколку клучната финансиска помош од Западот не биде одобрена наскоро, изјави денеска вицепремиерката на земјата Јулија Свириденко.

-Партнерската поддршка е исклучително критична. Итно ни е потребна, наведе Свириденко во изјавата.

Според неа, 500 илјади државни службеници, 1,4 милиони наставници и 10 милиони пензионери би можеле доцна да ги добијат платите и пензиите.

Официјалните лица во Киев се надеваат на итна помош од 18.5 милијарди евра, со дополнителни осум милијарди, за да се помогне со проектираниот буџетски дефицит за следната година од 43 милијарди евра.

Свириденко изјави оти се надева дека финансирањето на ЕУ ќе биде одобрено во февруари и ќе биде испорачано во март следната година.

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ

Украина ги вложи сите свои ресурси во одбраната на земјата по почетокот на војната со Русија во февруари 2022 година, потпирајќи се на странска поддршка кога станува збор за исплатата на платите и пензиите.

Клучните пакети за помош, вклучително и 50 милијарди евра од Европската унија, се блокирани поради несогласувањата во Брисел и Вашингтон.

МИА

- Реклама -