Ахмети со цигарче во уста: Пријателството со САД и ЕУ, но и со земјите од регионот, е без алтернатива и неприкосновено под никакви услови и под никакви околности

Со фотографија на која победнички пyши цигapче, лидерот на ДУИ – Али Ахмети, доцна синоќа оцени дека вчера преовладале совеста за заеднички достигнувања, слободата, еднаквоста, правдата, добрососедство, евроатлантска ориентација на нашата земја и безбедната прозападна иднина.

Ахмети порача и дека пријателството со САД и ЕУ, но и со земјите од регионот, е без алтернатива, но и, како што напиша, „неприкосновено под никакви услови и под никакви околности“. Ахмети порача и дека „овде“ не може да има место за  негирање на Рамковниот договор, Преспанскиот, добрососедството, НАТО, ЕУ, Република Косово или албанскиот јазик.

„Пријателството со Соединетите Американски Држави и Европската Унија, но и со земјите од регионот е без алтернатива и неприкосновено под никакви услови и под никакви околности. Денес преовладуваше совеста за заеднички достигнувања, слобода, еднаквост, правда, добрососедство, евроатлантска ориентација на нашата земја и безбедна прозападна иднина. На нашата земја и треба повеќе безбедност, повеќе стабилност и целосна политичка предвидливост. Негирањето на Охридскиот договор, Договорот од Преспа, добрососедството, но и НАТО, Европската Унија, Република Косово, албанскиот јазик – не може да има место овде. Како што кажав, нема да постапуваме со емоции ниту со еуфорија. Заедно засекогаш и секогаш!“, стои во Фејсбук статусот на Ахмети.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

- Реклама -