Peugeot 308 GTI ќе балансира меѓу моќ и удобност

Целосно новото Peugeot 308, кое имаше деби на салонот во Франкфурт, ќе има и набилдана верзија GTI. Таа ќе располага со околу 250 КЅ и најверојатно ќе биде подготвена веќе следната година, пишуваат повеќе медиуми, повикувајќи се на официјална информација од француската компанија.

611_Peugeot-470-2

Слично на помалиот 208 GTI, набилданата верзија на Peugeot 308 ќе располага со засебен бодикит, модифицирана суспензија, спортски сопирачки и уникатна опрема. Моќноста ќе биде околу 250 КЅ, „исцедена“ од 1.6-литарски мотор, а ќе се пренесува на предната оска со мануелен менувач. Динамички индикатори не се познати, но можеме да очекуваме забрзувањето од место до 100 km/h да трае малку повеќе од шест секунди.

322_Peugeot-470-3

Високата динамика сепак не е единствената цел пред инженерите на 308 GTI. Да, моделот ќе биде брз, но и многу практичен, тврдат Французите, a прецизираат дека машината ќе нуди одличен баланс меѓу моќта и удобностa.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -