Инженерите на еден од најголемите производители на автомобилски компоненти – компанијата TRW Automotive, создадоа нов вид воздушно перниче, кое ги штити автомобилите при страничен удар.
Како пишува весникот Daily Mail, перничињата се наоѓаат во праговите на возилото и се отвораат за 20-30 милисекунди. Должината на заштитните перничиња е 200 сантиметри, висина – 70 cm, дебелина – 15-20 cm, а обемот – 200 литри. Создавањето на овој систем за безбедност е финансиран од Европската унија и трае веќе три години во Шпанија.
Според потпретседателот на TRW Automotive, Норберт Кагерер, несреќите при страничните удари се околу 40% од сите инциденти на патот. Тој е на мислење дека новиот тип воздушни перничиња ќе најдат примена во седаните од премиум – класата најдоцна до крајот на деценијата. Во моментов TRW Automotive работи на систем од камери и радари, кои овозможуваат да се утврди уште попрецизно моментот во кој треба да се активира перницата.
Од порано TRW разви и воздушно перниче, кое е интегрирана во таванот на возилото и спречува оштетувања при превртување.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус