Скопје ја совлада Арсими за прва победа во сезоната

Скопје ја совлада Арсими со 2-1 на Автокоманда и ја оствари првата победа во сезоната 2026/27.

0
Скопје ја совлада Арсими за прва победа во сезоната (МКД.МК)
Фото: МКД.МК

Скопје поведе во 41. минута, кога Брдаровски центрираше, а Гордиќ со удар со глава го совлада голманот на Арсими за 1-0.

Во 52. минута Гордиќ продре по левата страна и го пронајде Гроздановски, чиј удар кон голот го закачи Зука, ја смени насоката и заврши во мрежата за 2-0.

Реклама

Арсими, кој во првото полувреме имаше повеќе шанси, ја намали негативата во 68. минута. Мустафа, кој непосредно претходно влезе во игра, по нафрлувањето на Рамадани со глава погоди за 2-1.

Пред натпреварот, Скопје беше последен на табелата со четири бода и без победа, додека Арсими беше деветти со 10 бодови.