
Делови од општина Центар на 20 ноември 2026 ќе бидат без вода поради дефект на приклучна цевка и изведување водоводен приклучок на две улици.
Поради дефект на приклучна цевка ф-3 на улицата „Славејко Арсов“ 81, прекин на водоснабдувањето ќе имаат корисниците од дел од улицата. Прекинот ќе започне во 09:30 часот и ќе трае до завршување на санацијата.
Поради изведување водоводен приклучок ф-100 мм на улицата „Христо Смирненски“ 17, без вода ќе бидат корисниците на делот од улицата меѓу „Зур Маркет“ и булеварот „Партизански Одреди“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.




