Зеленски: Трамп и Си можат да го принудат Путин да ја запре војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека САД и Кина имаат доволно влијание за да го принудат рускиот претседател Владимир Путин да ја запре војната во Украина. Тој ова го кажа во интервју за американската телевизиска мрежа NBC.

0
Зеленски: Трамп и Си можат да го принудат Путин да ја запре војната (Проверено)
Фото: Проверено

„Сè започнува на бојното поле. Целата војна започнува токму таму, а каков било напредок кон мир е можен само под услов да има прекин на огнот на линијата на фронтот“, рече Зеленски.

Според него, Кина и Соединетите Држави ја имаат потребната моќ за да се постигне прекин на огнот и да се создадат услови за напредок кон мирот.

Реклама

Зеленски сугерираше дека санкции против Русија од страна на Вашингтон и Пекинг, или само најавата за такви мерки во комбинација со прекин на трговијата со Москва, би довеле до крај на војната.

Според изворите, во Кина се одржува самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC), во чии рамки се очекува трилатерална средба на лидерите на САД, Кина и Русија.