
Николоски очекува законското решение да биде готово, односно презентирано, во декември. На 21-та годишна конференција на МАСИТ тој посочи дека измените се во напредна фаза, а во подготовката на законот ќе бидат вклучени странски експерти и експерти од Европската транспортна заедница.
Според него, новиот систем би ги намалил гужвите на патарините и би бил поправеден за возачите, бидејќи ќе се плаќа за реално поминатото растојание наместо фиксна цена на наплатните рампи. Како пример наведе дека возачите кои тргнуваат од Демир Капија кон Гевгелија и оние од Скопје кон Гевгелија на наплатната станица кај Смоквица плаќаат по 100 денари.
Електронската наплата првично би се вовела на новиот автопат Кичево – Охрид, а потоа и на останатите автопати.



