Бугарија спаси 12 морнари од превртен брод со пченица во Црното Море

Бугарија ги евакуираше сите 12 членови на екипажот на товарен брод што превезувал пченица и се превртел во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, соопшти бугарското Министерство за транспорт.

0
Бугарија спаси 12 морнари од превртен брод со пченица во Црното Море (БТА)
Фото: БТА

Бродот пловел под сомалиско знаме од Романија кон Египет и почнал да тоне на околу 40 наутички милји од ’ртот Калијакра. Екипажот бил евакуиран со хеликоптер, а сите 12 членови се во добра здравствена состојба.

Причината за инцидентот сè уште не е позната.

Инцидентот следува по неодамнешните смртоносни напади со беспилотни летала врз бродови покрај бреговите на Бугарија и Романија, кои аналитичарите ги поврзаа со војната на Русија во Украина.