Се појавија нови фотографии на iPad 5

На интернет се појавија фотографии на панел, за кој од сајтот Macfixit Australia сугерираат дека припаѓа на идниот 10-инчен iPad 5 на Apple.

Како што се очекуваше и порано, дизајнот наликува малку на iPad mini, a екранот на допир според прелиминарните информации е со нова технологија што овозможува на уредот да биде тенок и нежен.

Apple, се уште ја немаат потврдено автентичноста на ниту една од овие фотографии, но според гласините новиот модел ќе биде значително потенок од својот претходник и ќе работи со новиот 28 или 32 Нм процесор Apple A7X.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -