Ноктите се семафор на здравјето – откријте што велат вашите!

Погледнете ги убаво вашите нокти и почнете со читање. Откријте што велат тие за вашето здравје. Бојата и линиите може на време да ве предупредат на ризикот од болести.

Бели дамки

Веројатно сите сме забележале бели неправилни дамки или линии кои повремено се појавуваат на нашите нокти. Најчесто се знаци на ситни повреди на ноктите кои со текот на времето исчезнуваат.

800px-Leukonychia

Белите дамки на ноктите исто така може да бидат последица на онихолиза – нарушување при кое ноктот спонтано се одвојува од подлогата.

Знак на здравје

Ноктите на здравите возрасни растат постојано иако бавно, околу 0,3 сантиметри месечно. За да израсне сосема нов нокт потребни се четири до 6 месеци. За да израсне нов ножен нокт потребни се од 8 до 12 месеци.Но, белите дамки и пруги на нашите нокти, во нив или под нив, кога тогаш не се добри. Тие може да упатуваат на брадавици и габи на ноктите или на состојби на кожата како што се псоријаза и екцем. Белите дамки може да бидат еден од знаците за саркоидоза која ги зафаќа кожата, белите дробови и другите органи. Кога ноктот е мек и има бели дамки, тоа е познато како Плумеров нокт што може да упатува на хипертиреоза.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Girl's hands with perfect nail manicure

Само една бела црта

Појавата на хоризонталната бела црта преку цел нокт е знак на труење со арсен, како и маларија, срцеви проблеми дури и лепра.

Двојна бела црта

Ако забележите две бели водорамни тенки пруги на еден или повеќе нокти, тие се знак на намалено ниво на албумини во крвта. Исто така тие се знак на болести на бубрезите, цироза на црниот дроб, срцеви застои и неправилна исхрана. Меѓутоа, во повеќе случаи се знак на некаква реакција на инфекција или повреда.

- Реклама -