Google веќе може да ви го пронајде изгубениот телефон

Од другиот месец корисниците на Android уреди веќе ќе можат да ги пронаоѓаат своите изгубени паметни телефони или таблети, а ако е потребно ќе можат и далечински да ја брашат меморијата на изгубениот уред.

Google вчера ја претстави новата функција Android Device Manager, за Android 2.2 и понови верзии. Оваа функција е слична на веќе познатата услуга на Apple “Find My iPhone”, која постои повеќе од три години.

androiddevicemanager

Новата функција на Android уредите, овозможува изгубениот уред да зазвонува (дури и кога е на беззвучен режим), освен тоа овозможува уредот да биде лоциран каде се наоѓа на картата во реално време, да ги брише сите податоци кои се наоѓаат на него доколку е украден или не може да биде пронајден и сл.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -