Со оглед на природата и неверојатната брзина на веќе легендарниот Вејрон на Бугати, постои голем интерес за следното дело на производителот. Компанијата претходно изјави дека нивниот следен производ нема да биде супер автомобил, но имаше недостиг на детали – сè до сега.
Во неодамнешен напис во германскиот магазин Auto Motor und Sport, претседателот на Бугати, Волфганг Дуереимер потврдил дека новиот автомобил ќе биде во духот на контроверзниот концепт 16 C Galibier, кој беше претставен во 2009 година. Автомобилот ќе биде четирисед и ќе има голем багажен простор; несомнено сет уникатен багаж ќе биде една од скапите опции на автомобилот.
Но, нормално, поважно е што се наоѓа во предниот дел. Според написот, новиот автомобил ќе има мотор со 16 цилиндри, но неговата сила не е спомната. (W-16 моторот во концептот Galibier произведуваше скромни 800 коњски сили, споредено со 1001 произведени од 8 литарскиот W-16 поставен Вејронот.) Galibier концептот е голем, што значи дека не треба да се очекуваат перформанси како на Вејронот и забрзување од 0-100 под три секунди, без оглед на тоа колку јаглеродни влакна и алуминум се употребени.
Она што е интересно е што моделот ќе биде достапен и во хибрид издание, кое без употребување на бензинскиот мотор ќе може да помине 40 километри. Бугати се надева дека ќе продаде помеѓу 1000 и 1500 примероци на супер луксузниот седан во текот на неговиот животен век или околу трипати повеќе од Вејрон купе и Гранд Спорт кабриолети кои Бугати ги произведе од 2004. Во написот е спомнато дека Galibier ќе биде пуштен во продажба во есен 2012 година, околу една година порано од сите претходни проекции. Колку ќе чини новиот автомобил? Според претседателот, минимум 1 милион евра. [Bugatti’s $1.4 million, 800-hp sedan a hybrid?]