LG G2 сериозен конкурент на Apple и Samsung

Компанијата LG го подготвува својот најнов претставник, смартфонот G2, кој ќе биде сериозен конкурент на телефоните на Apple и Samsung.

1

Овој телефон ќе биде еден од најимпресивните уреди на годината, барем на хартија. Најновите гласини укажуваат дека G2 ќе биде опремен со 5.2-инчен full HD 1080p дисплеј, 2.3GHz Snapdragon 800 процесор, 2GB RAM меморија и 13-мегапикселна задна камера.

2

LG продаде повеќе од 10 милиони смартфони во светот во последниот квартал, а извршните директори веруваат дека продажбата на G2 ќе се зголеми дополнително во втората половина од годината.

3

“Додека нашите претходни проблеми главно се вртеа околу хардверот и корисничкото искуство со G2, се обидовме да се фокусираме на дизајнот и на брендот“, изјави неименуван извршен директор од LG за Korea Herald. “Серијата G веќе стана непроценлив бренд во рамките на нашата компанија со светска репутација и признавање“.

LG се очекува да го објави претстојниот телефон G2 на прес-конференција во Њујорк на 7 август.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -