Астон Мартин именуван за најкул бренд на годината

Астон МартинОмилениот производител на автомобили, на светски познатиот таен агент Џејмс Бонд, е прогласен за најкул бренд на годината. Анкетата CoolBrands, која секоја година се спроведува од Центарот за Анализа на Брендови, одбира 500 брендови, а победникот се бира со гласање на експерти и јавноста.

Омилениот производител на автомобили, на светски познатиот таен агент Џејмс Бонд, е прогласен за најкул бренд на годината. Анкетата CoolBrands, која секоја година се спроведува од Центарот за Анализа на Брендови, одбира 500 брендови, а победникот се бира со гласање на експерти и јавноста.

најкул брендовиМинатогодишниот победник, iPhone на Apple, падна на втората позиција, а по него се пласираше уште еден производ од истата компанија, iPod. Меѓу другите парчиња технологија кои официјално се прогласени за кул се четвртопласираниот Blackberry, седмопласираното Nintendo Wii, Google кој се најде на осмото место и iPlayer од BBC кој се пласираше на единаесетото.

А, додека некој среќник си ужива во својот Астон Мартин, зборувајќи преку iPhone додека во позадината има музика од неговиот iPod, ние ви ги претставуваме дваесетте најкул брендови:

1. Aston Martin
2. iPhone
3. iPod
4. BlackBerry
5. Bang & Olufsen
6. Harley-Davidson
7. Nintendo Wii
8. Google
9. Ferrari
10. Dom Perignon
11. BBC iPlayer
12. Vivienne Westwood
13. Apple
14. Tate Modern
15. You Tube
16. Mini
17. Chanel
18. Ray Ban
19. Alexander McQueen
20. Jimmy Choo

Претставник на CoolBrands изјавил: „Традиционалните фаворити и понатаму се борат покрај новите, напредни брендови, што совршено се гледа по враќањето на Астон Мартин како најкул бренд и покрај силната конкуренција на iPhone.“

„Астон Мартин комбинира три клучни елементи – сила, убавина и душа. Според оценката од експертите и потрошувачите, неговите брзи, светнати и секси автомобили потврдуваат дека брендот ќе продолжи да доминира како најкул бренд во светот.“ [CoolBrands.uk.com]

- Реклама -