
ЛДП соопшти дека 15.000 граѓани ја потпишале нејзината петиција за воведување електронски нараквици за сторителите на семејно насилство за помалку од три дена.
Партијата бара законското решение да биде усвоено во Собранието по итна скратена постапка. Од ЛДП велат дека ќе продолжат да собираат потписи и ги повикуваат граѓаните да се приклучат на петицијата.
Според партијата, електронското следење на сторителите треба да придонесе за поголема заштита на жртвите и спречување нови случаи на насилство. ЛДП го повикува парламентарното мнозинство да ја разгледа иницијативата и да овозможи нејзино законско усвојување.





