Следното Bugatti ќе чини 5.8 милиони евра

Bugatti подготвува финална верзија на најбрзиот автомобил во светот – Veyron Super Sport, која ќе блесне следната година. Моделот ќе биде полесен, помоќен и уште поскап, истакнува Worldcarfans.

Опишуван како Super Veyron, последна опција на моделот ќе биде со поширока употреба на карбон, што ќе доведе до намалување на вкупната маса на автомобилот за околу 200 килограми. Тоа сепак не е сè. Моторот, 8.0-литарскиот W16 со четири турбини, ќе добие повеќе коњски сили, односно моќноста ќе биде над 1.500 КЅ. Тоа нема да се постигне преку електричен мотор, како што се мислеше до сега, туку преку зголемување на работната зафатнина на агрегатот со внатрешно согорување. Огромната моќ и помалата тежина ќе и овозможат на машината да развива над 450 km/h, а забрзувањето од место до 100, 200 и 300 km/h ќе биде видливо подобрено.

810_veyron-470-1

Сето тоа сепак си има цена. Оваа верзија на Veyron Super Sport, која ќе се појави следната година, а ќе се нуди за 5,8 милиони евра.

702_veyron-470-2

Сегашната најбрза верзија на Bugatti Veyron – Super Sport, располага со 1.200 КЅ кој се доволни за забрзување до стотка за 2,5 секунди. Максималната брзина е ограничена електронски на 415 km/h. Машината сепак разви рекордни за сериски автомобил 431,07 km/h, што се запишани во Гинисовата книга на рекорди.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -