iPhone 5S доаѓа во октомври?!

Иако фановите на Apple веќе со нетрпение го очекуваат најновиот модел од компанијата, сепак според најновите гласини можно е телефонот да се појави дури во октомври.

Имено, аналитичарот Glen Yeung од Citigroup за Barron’s објави нов извештај во кој тврди дека iPhone 5S има проблеми со производството и најверојатно нема да биде готов до почетокот на септември за кога Apple се надеваше дека ќе го претстави овој уред.

iPhone-5s(3)

Yeung вели дека најновиот смартфон на Apple ќе биде оддложен за две до четири недели ‘поради проблеми со дисплејот’ и би можел да биде лансиран во првата недела од месец октомври. Исто така, Yeung тврди дека проблемите со производството го одложија претставувањето на iPad mini со Retina дисплеј за 4тиот квартал на 2013 година, наместо порано според првичните предвидувања.

iphone5-3(4)

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -