Звезда се спаси во 90. минута, Хајдук падна во Гибралтар

Црвена звезда со гол во 90. минута го совлада Интер Ескалдес, додека Хајдук загуби кај Линколн Ред Импс од Гибралтар.

10
Звезда се спаси во 90. минута, Хајдук падна во Гибралтар (Starsport)
Фото: Starsport

Црвена звезда се спаси во 90. минута против Интер Ескалдес и стигна до победа во третото коло од Конференциската лига. Хајдук, пак, загуби кај Линколн Ред Импс од Гибралтар со автогол во 89. минута.

Домаќините во финишот на првото полувреме останале со играч помалку, а Интер Ескалдес повел преку Арељан и ја шокирал „Маракана“. Црвена звезда израмнила преку Лучиќ, а Накајама, со помош на гостинскиот голман, го постигнал голот за победа.

Реклама

Матеј Гаштаров го одиграл целиот натпревар и при резултат 1:1 ја погодил стативата.

Хајдук, пак, загубил на гостувањето кај Линколн Ред Импс. Шампионот на Гибралтар победил со автоголот на Денис Хаџикадуниќ во 89. минута.

По три кола, Хајдук има шест бода, а Црвена звезда четири во Конференциската лига.