ОПМ организира тркалезна маса за одговорноста на бизнисите во чистиот воздух

ОПМ денеска одржа тркалезна маса за да се поттикне дијалог за поголема одговорност на бизнисите и намалување на загадувањето на воздухот во Скопје.

7
ОПМ организира тркалезна маса за одговорноста на бизнисите во чистиот воздух (DARKOO)
Фото: DARKOO

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) денеска одржа тркалезна маса со цел да се поттикне дијалог за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје.

Настанот се одржа во рамки на проектот „Чист воздух за потрошувачите: Подигнување на одговорноста на бизнисите во Скопје“, кој се спроведува со финансиска поддршка од Фондот за чист воздух – Clean Air Fund преку Consumers International.

Реклама

Целта на тркалезната маса е да се овозможи размена на мислења меѓу компаниите од транспортниот и енергетскиот сектор, надлежните институции, локалната самоуправа, експертската јавност и претставниците на потрошувачите, со акцент на поголема одговорност и транспарентност на компаниите.

На настанот беа претставени резултатите од истражувањето за ставовите и искуствата на потрошувачите, досегашната комуникација со компаниите и нивните одговори, како и Водичот за граѓаните за чист воздух.