Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, а АМСМ предупредува за можност од одрони на одредени делници.

8
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози (Нетпрес)
Фото: Нетпрес

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека утрешниот сообраќај на државните патишта се одвива непречено, а на граничните премини нема подолги задржувања.

Според информациите на АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а коловозите се претежно суви.

Реклама

Сојузот препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. Посебно внимание се бара на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.