Европската автомобилска индустрија сaмата е виновна за кризата

Мерките за штедење ја туркаат европската автомобилска индустрија на опасен пат, предупредува студијата објавена во петокот од германскиот Allianz, заклучувајќи дека кризата во секторот е резултат на лоши одлуки на челниците во автомобилските компании.

6
Европската автомобилска индустрија сaмата е виновна за кризата
Фото: Нетпрес

Производителите на автомобили ги намалија инвестициите за 20 отсто оваа година, во време кога нивното технолошко заостанување зад кинеските конкуренти во областите на дигитализацијата и технологијата на батериите би можело да се зголеми уште повеќе, открија економистите во осигурителната компанија со седиште во Минхен.

Студијата ја објави филијалата на групата специјализирана за осигурување на штети, Allianz Trade, пред Саемот за автомобили во Париз, кој започнува в понеделник.

Реклама

Според Allianz, уделот на европските изложувачи, кој беше доминантен пред неколку години, е намален на само 40 отсто. Европските компании со голема пазарна капитализација од други сектори ги зголемија инвестициите за 10 отсто оваа година, според анализата на Allianz.

Студијата остро го критикува управувањето со европската автомобилска индустрија, тврдејќи дека главната причина за кризата се одлуките на лидерите на автомобилските компании. Европскиот автомобилски сектор трошел пари на погрешни приоритети во текот на изминатите две децении, заклучува студијата.

Според економистите на Allianz, европските производители на автомобили инвестирале предолго во технологијата на конвенционалните мотори со внатрешно согорување, трошејќи капитал на краткорочни приноси и дивиденди наместо на брзи и смели инвестиции во електрификација и дигитализација.

Технолошкиот застој, шокот предизвикан од индустрискиот напредок на Кина и слабеењето на моќта на брендот не се посебни феномени, истакнуваат економистите, туку секое произлегува од погрешната распределба на капиталот.

„Кога производителите на автомобили конечно го пренасочија капиталот за да се справат со проблемите на иднината, тие го расфрлија низ премногу проекти“, рече Гијом Дежан, автомобилски експерт во „Алијанц Трејд“.

„Начинот на кој капиталот беше распределен во текот на изминатите две децении сега се враќа да нè прогонува“, заклучи Дежан.