Наместо појадок авторот на диетата советува црно кафе без шеќер и млеко.
OMG односно „Oh My God“ (О мој Боже) диетата е еден од бизарните предлози за слабеење, а сепак книгата „Six Weeks to OMG“ која ја објаснува диетата во рекорден рок стана попродавана дури и од популарната Дукан диета. Автор на диетата е личниот тренер Пол Кана кој до својата теорија дошол по анализа на низа студии за метаболизмот и телесната маса.
Планот изворно бил дизајниран за ВИП клиенти од холивудската листа, но набрзо станал достапен во гореспоменатата книга.
За да изгубите околу 10 килограми за 6 недели, да го намалите целулитот, да дојдете до рамен стомак и да го подобрите изгледот на кожата, косата и ноктите, потребно е да се придржувате до следните насоки:
1.Прескокнувај го појадокот имајќи предвид дека овој оброк, според авторот, не е најважниот оброк во денот. Ако го прескокнеш појадокот, му овозможуваш на телото од рано наутро да ги троши масните наслаги. Наместо појадок, секако вежбај.
2.Наместо појадок пиј црно кафе (без шеќер и млеко) затоа што кафето е познат стимуланс, а ако се испие на празен стомак желудникот побрзо го топи масното ткиво.
3.Наутро истуширај се со ладна вода (температурата на водата нека биде од 15 до 20 степени) затоа што купката ќе го активира „успаниот“ метаболизам и ќе го активира трошењето на масните наслаги. Ако не сакаш да се тушираш можеш да ги држиш само нозете во студена вода 15 минути.
4.Ограничи го внесот на јаглени хидрати на максимално 120 грама дневно. Според авторот,јаглени хидратите од брокулата се еднакво лоши како и оние од Кока-колата и треба да се избегнуваат.
5.Избегнувај овошни шејкови и сокови, но намали го и внесот на овошје воопшто затоа што содржи флуктоза која го поттикнува создавањето на масни наслаги и не дава чувство на ситост.
6.Имај три оброци дневно, прескокни ги меѓуобороците затоа што така ќе го контролираш апетитот, а и подолгиот период без храна ќе го поттикне телото на согорување на масните наслаги.
7.Јади за време на дневна светлина затоа што јадењето на вештачка светлина може да влијае на нивото на хормони и негативно да се одрази на начинот на кој телото се однесува со внесените калории.