На автосалонот Шангај јапонскиот бренд го открива прототипот Nissan Friend-mе, седан наменет за генерација со автомобилска перспектива. Концепт е развиен во согласност со барањата на истражувањата направени меѓу младите луѓе родени во 80-тите години на минатиот век, а само во Кина тие се околу 240 милиони.
Идејата е применлива и на глобално ниво, а стручњаците предвидуваат оваа генерација да има наскоро свој единствен сегмент Bālínghòu и стил за млади кај кои мобилност се мери во „килобајти во секунда“.
Поконкретно, кај Nissan Friend-mе е во прашање смело наметнување на меки извајани линии во надворешноста, замислени да се гледаат и се одразуваат преку светлата на градот и мегаполисите, каде што младите сакаат да се видени. Челниците на Nissan, како Франсоа Бенкон (производна стратегија) и Таиџи Тојота (дизајн), сметаат дека развојот на дијалогот, при конструкцијата на возила, со млади луѓе е многу важен елемент за трендовско пратење на автомобилскиот пазар во наредните децении.
Концептот Nissan Friend-mе се разликува од другите модели главно со новата централна конзола,Four Seats, One Mind Connectivity, со уникатен мултимедијален систем и екран чуствителен на допир. Презентираната иновација овозможува широк и континуиран обем на информации.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус