Играњето игри е добро за мозокот

ИгриНавратете со во детството и потсетете се колку пати некој ви кажал – престани со играње, ќе оглупавиш! Научната студија за која беа потрошени речиси милион и пол долари покажа дека не само што ова тврдење не е точно, туку напротив – играњето игри е прилично корисно за вежбање на мозокот.

Навратете со во детството и потсетете се колку пати некој ви кажал – престани со играње, ќе оглупаивш! Научната студија за која беа потрошени речиси милион и пол долари покажа дека не само што ова тврдење не е точно, туку напротив – играњето игри е прилично корисно за вежбање на мозокот.

ИгриСтудијата што беше направена како заеднички проект на Универзитетот на Државата Каролина и Институтот за технологија на Џорџија, покажа дека играњето компјутерски игри ве прави попаметни.

И не станува збор само за игри со псевдо-научна или пак логичка основа (сложувалки, тетрис итн.), туку општо – компјутерските игри во целост.

Она што дополнително се испостави (а децата го знаат уште од времето кога излезе првата компјутерска игра на пазарот) е дека во зависност од тоа какви игри играте, вежбате различни делови од мозокот. Па така:

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Ако преферирате игри во кои се симулираат животнии ситуации (СИМС, разни видови менаџери, итн.) тогаш ќе се оспособите за полесна социјална интеракција;

Ако меѓу омилените игри ви се оние со безмилосно пукање во сите насоки, тогаш несомнено ќе добиете зголемена координација помеѓу очите и рацете, т.е. подобрување на рефлексите. Дополнително, ќе ја зголемите способноста за мултитаскинг;

Ако сте љубител на спортски игри (во кои ги контролирате играчите, а не изигрувате менаџер), тогаш ќе си ги зголемите стратегиските способности.

Затоа, не им забранувајте на децата да играат игри. Тие се уште една добра алатка за развивање на психо-моторните способности.

Игри Навратете со во детството и потсетете се колку пати некој ви кажал – престани со играње, ќе оглупаивш! Научната студија за која беа потрошени речиси милион и пол долари покажа дека не само што ова тврдење не е точно, туку напротив – играњето игри е прилично корисно за вежбање на мозокот. Игри
- Реклама -