Инфлацијата во еврозоната забрза на 4 отсто во октомври

Инфлацијата во еврозоната во октомври достигнала 4 отсто, при најсилен годишен раст на цените на енергијата.

17
Инфлацијата во еврозоната забрза на 4 отсто во октомври (Нетпрес)
Фото: Нетпрес

Годишната инфлација во еврозоната во октомври достигнала 4 отсто, што е највисоко ниво од септември 2023 година, покажуваат прелиминарните пресметки на европскиот завод за статистика. Растот најмногу бил поттикнат од поскапувањето на енергијата и свежата храна.

Во септември, годишната стапка на инфлација мерена со Хармонизираниот индекс на потрошувачки цени изнесувала 3,8 отсто.

Реклама

Цените на енергијата во октомври биле повисоки за 20,8 отсто во споредба со истиот месец претходната година, по растот од 18,9 отсто во септември. Свежата храна поскапела за 4,6 отсто на годишно ниво, додека цените на услугите биле повисоки за 3,3 отсто.

Базичната инфлација, без енергијата и свежата храна, останала непроменета во однос на септември и изнесувала 2,2 отсто на годишно ниво.

На месечно ниво, потрошувачките цени во октомври пораснале за 0,4 отсто, по зголемувањето од 0,6 отсто во септември. Енергијата поскапела за 1,4 отсто, свежата храна за 1 отсто, а услугите за 0,2 отсто во однос на септември.