Уште до крајот на оваа година Porsche ќе пушти во продажба модификации врз моделите Boxster и Cayman, кои ќе бидат опремени со нов четирицилиндерски мотор. Моторот ќе останат тип „боксер“, а намалувањето на обемот ќе биде надоместено од турбина.
Се очекува новиот четирицилиндерски мотор на Porsche да има волумен од 2.5 литри, а моќта на моторот да достигне 350 КЅ и максимален вртежен момент од 480 Nm. Според информациите агрегати ќе има доста заедничко со добро познатиот 3.8 литарски шестцилиндерски „боксер“ мотор, поставен на 911 Carrera S. Блокот на цилиндрите ќе биде од алуминиум, а моќноста и релативно ниска потрошувачка ќе бидат обезбедени од системите за директно вбризгување на горивото и Vario Cam Plus. Моторот ќе работи во спрега, посебно за компанијата Porsche развиениот, роботизиран менувач PDK.
Премиерата на новиот агрегат на Porsche е предвидена за автосалонот во Франкфурт, во септември.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.