Сити повторно го победи Јунајтед на Олд Трафорд

Манчестер Сити со 2-1 славеше против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд, Граѓаните повторно го победуваат својот градски ривал на негов терен.

Не убедливо како минатата сезона, но Манчестер Сити одново го доби градското дерби на Олд Трафорд.

Поразот нема да има голем ефект врз тимот на Фергусон, бидејќи на седум кола до крајот Манчестер Јунајтед има огромни 12 бода предност пред Сити.

Мрежите мируваа во првото полувреме, сите три погодоци беа постигнати во вториот дел од натпреварот.

Во 51. минута, по една грешка на Гигс на средината од теренот, Милнер постигна гол од далечина за водство на Сити од 1-0.

Осум минути подоцна Јунајтед го израмнува резултатот, Еванс од идеална позиција биеше лошо, но за негова среќа топката од грбот на Компани заврши во мрежата на Харт.

Во 78. минута одличен соло продор на Агуеро и убава реализација за победа на Манчестер Сити од 2-1.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -