Производствен Weber F1 со 1200 КС

Weber е подготвен со производствена верзија на концептот F1 (FasterOne). Возилото е дизајнирано заедно од BMW и Sauber F1. Управувано од 5,6-литарски V10 агрегат со две турбини, со моќ од 1.200 КС.

Автомобилот тежи 1.250 кг, што значи дека постигнува импресивен сооднос моќност-тежина од 0,96 КЅ / кг. Суперавтомобилот е со должина од 4.500 милиметри, широк 2.040 и висок 1.150 mm. Моќноста се пренесува на сите тркала преку 6-степена полуавтоматска секвенциална трансмисија. Автомобилот нуди автоматска контрола и активен систем со погонот на сите четири тркала. Амортизацијата напред и назад е независна, меѓуоскиното растојание е со должина 2.900 милиметри, а трагите напред и назад се соодветно 1.625 mm и 1.606 mm.

622_weber-F1-470-1

Weber F1 има 20-инчни лесни тркала со високо перформанси гуми Pirelli, со димензии 285/25 ZR 20 напред и 325/25 ZR 20 одзади. Запирањето се одвива преку сопирачки апарати и вентилирани керамички дискови со димензии 380 x 34 mm. Постои и воздушна сопирачка благодарение на задното крило, кое може да се префрли во целосна вертикална положба само за 50 милисекудни.

739_weber-F1-470-2

Шасијата е целосно од јаглеродни влакна и тежи само 65 килограми. Weber F1 забрзува од 0 до 100 km/h за 2,5 сек,. Максималната брзина е повеќе од 400 km/h. Производството ќе стартува следниот месец.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус. 

- Реклама -