Голманот на Андора може да одговара за смртта на шпанскиот фудбалер

Шпанскиот фудбалер Хесус де Мигел почина по судир со голманот на Андора, Хесус Овоно, при што последниот може да одговара за кривично дело.

7
Голманот на Андора може да одговара за смртта на шпанскиот фудбалер (Riste)
Фото: Riste

Хесус де Мигел, играч на Тенерифе, почина по судир со голманот на Андора, Хесус Овоно, во финалните моменти на натпреварот.

Инцидентот се случи во самиот финиш на средбата, кога Овоно истрча надвор од својот шеснаесетник за да интервенира по долга топка и силно го удри противничкиот напаѓач. За овој старт голманот доби директен црвен картон, а натпреварот беше прекинат.

Реклама

Де Мигел веднаш доби медицинска помош на теренот и беше пренесен во болница. Иако лекарите обидеа да го спасат, состојбата на фудбалерот се влоши во текот на ноќта, а неговата смрт беше потврдена наутро на 3 ноември 2026 година.

Според информациите од шпанските медиуми, полицијата ги испитува околностите на настанот, со посебен фокус врз деталите од судирот и точната причина за смртта. Клучно ќе биде да се утврди дали ударот во пределот на градите има директна поврзаност со срцевиот застој.

Доколку истрагата утврди дека голманот постапил со сериозна небрежност и дека неговата интервенција директно ја предизвикала смртта, тој може да се соочи со кривична одговорност. Според шпанските закони, за убиство од небрежност е предвидена затворска казна од една до четири години. Засега нема конечни заклучоци за вината на Овоно, бидејќи мора да се докаже дека неговата постапка ги надминала прифатливите ризици на фудбалската игра и дека постои директна причинско-последична врска со смртта.