
Селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, го објави списокот од 26 фудбалери за натпреварите со Шкотска и Словенија во Лигата на нации.
На списокот е и напаѓачот на Шкендија, Марко Ѓорѓиевски, а во составот се враќаат Дарко Чурлинов, Имран Фетаи, Стефан Деспотовски и Никола Серафимов.
Голмани се Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Давор Талески.
Во одбраната се Никола Серафимов, Анес Мељичи, Висар Муслиу, Имран Фетаи, Езѓан Алиоски, Марио Младеновски, Себастијан Херера, Бојан Илиевски и Стефан Деспотовски.
Средниот ред го сочинуваат Енис Барди, Бобан Николов, Јани Атансов, Агон Елези, Елиф Елмас, Љупче Дориев, Дарко Чурлинов, Матеј Гаштаров, Димитар Митровски и Лука Станковски.
Во нападот се повикани Марко Ѓорѓиевски, Елмин Растодер, Азер Омерагиќ и Христијан Малески.
Македонија на 13 ноември ќе гостува кај Шкотска во Глазгов. Четири дена подоцна, на 16 ноември, ќе ја пречека Словенија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.



