Бил Гејтс се откажа од Facebook поради премногу пријатели

Бил Гејст Сè уште не сте уверени дека сè повеќе луѓе го напуштаат Facebook? Веројатно оваа вест најпосле ќе ве увери дека трендот е во пораст. Неодамна, во едно интервју направено во Њу Делхи, Бил Гејтс изјави дека престанал да ја користи социјалната мрежа, поради тоа што добил премногу покани за пријателства, што му задало премногу главоболки.


Бил Гејтс на FacebookСè уште не сте уверени дека сè повеќе луѓе го напуштаат Facebook?
Веројатно оваа вест најпосле ќе ве увери дека трендот е во пораст.
Неодамна, во едно интервју направено во Њу Делхи, Бил Гејтс изјави дека
престанал да ја користи социјалната мрежа, поради тоа што добил
премногу покани за пријателства, што му задало премногу главоболки.

За време на приемот на една награда за достигнувања од областа на добротворната работа, во Њу Делхи, Бил Гејтс, говорејќи пред публиката го споменал и Facebook. Тој изјавил оти се обидел да го користи сајтот за социјално вмрежување, но по многу брзо време, добил преку 10 илјади покани за пријателства.

Прочитајте и:  Видеоповиците на Messenger стануваат HD и со подобар звук

„За поголемиот дел од нив не можев да се сетам дали воопшто ги познавам или барем некогаш сум ги видел луѓето што стојат зад тие профили. Наместо релаксација и забава, Facebook ми донесе премногу главоболки и затоа решив да се откажам од користењето“ изјавил Гејтс.

Откако најмноќниот човек во компјутерската индустрија ќе се откаже од некој сајт зашто користењето му е премногу мачно, тогаш голема е веројатноста оти ќе следи цела лавина откажувања.

- Реклама -