Ви го претставуваме новиот „Samsung GALAXY S 4“

Вчера, ЈК Шин, претседателот на „Samsung mobile communications“ го претстави новиот „Samsung Galaxy S 4“.

„Развиен за да го редефинира начинот на кој живееме, „GALAXY S 4“ го прави секој момент од нашиот живот значаен.Ја разбира вредноста на односите, ја овозможува конекцијата меѓу пријателите и семејството и ја разбира важноста на искуствата“, со овие зборови беше опишан најновиот производ кој во моментов претставува најголема конкуренција за „Apple“.

Подобрениот дизајн со поголем екран и батерија и истенчени рамки, тежат само 130 грама а се тенки 7.9 милиметри. Сепак, како што кажува гигантската компанија, новиот „Samsung GALAXY S 4“ иако е потенок, е многу помоќен.

- Реклама -