Откако HP ја откупи компанијата Compaq во 2002 година, го задржа брендот како секундарен, главно на азискиот пазар каде што овие компјутери се популарни. Сега, планирано е воскреснување на Compaq со 2 моќни, а евтини модели кои ќе бидат понудени на мејнстрим пазарите низ целиот свет, како конкуренција на популарните nеtbook.

Лаптоп моделот CQ61z (на сликата) ќе има дисплеј од 15,6 инчи (39,6 сантиметри), AMD Sempron процесор, 2 гигабајти RAM, 160 гигабајти хард диск, DVD режач и Windows 7 Home Premium. Цената на овој лаптоп кој има и нумеричка тастатура ќе биде неверојатни 399 долари – приближно колку просечната netbook, со таа разлика што netbook-от има минијатурен дисплеј, минимален хард диск и слаб Atom процесор – нешто што го прави изборот очигледен сам по себе.
Но, добрите вести не завршуваат тука. Десктоп конфигурацијата Compaq Presario 4010f ги има истите компоненти (но со 250 гигабајти хард диск), а цените почнуваат од само 309 долари.
Двата модели ќе станат достапни на денот на лансирањето на Windows 7 – 22 октомври, по што компјутерскиот пазар несомнено ќе се промени… засекогаш.