Потрага по одмор

одморФановите на секој NBA тим се обидуваат да ги разберат проблемите наметнати од густиот распоред, но разбирањето често завршува во моментот кога некој од играчите ќе направи грешка.

Одморот, поточно недостатокот на одмор, е голем проблем во NBA, каде што играчите поминуваат половина од сезоната во патување, и притоа од нив се бара максимум, најчесто доцна навечер. Играчите често се приморани да го делат својот одмор на интервали.

Токму поради оваа причина Бостон Селтикс, побарале помош од доктор Чарлс Чеслер во обид да им го овозможат на своите играчи, искусните ветерани, одморот кој им е потребен во текот на она, што за тимот најчесто е сезона од 100 натпревари.
 
По советите на докторот, Селтикс ги елиминирале утринските тренинзи и го поставиле „правило на 2 часот“, според кое ако играчите не можат да стигнат до следната дестинација до 2 часот наутро, остануваат каде што се за да отспијат 8 часа. Добриот одмор е уште поважен за искусните тимови како Селтикс, кои често имаат натпревари во последователни денови.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

„Создавање на период од 8 до 10 часа за одмор е речиси невозможно во текот на сезоната“ изјавил Риверс. „Со нашите претходни практики тоа беше апсолутно невозможно.“ [When the Celtics need their Z’s, they call the sleep doctor]

- Реклама -