ClamCase Pro – одлична тастатура за iPad!

Како што расте продажбата на iPad-и, така продолжува и трендот да се развиваат додатоци за истиот. ClamCase Pro е нов додаток за iPad, кој овозможува мобилниот таблет да го замени десктоп компјутерот барем додека сме во движење.

ClamCase го трансформира вашиот iPad во мини лаптоп, а футролата односно тастатурата е направена од ултра издржлив поликарбонат и алуминиумско куќиште. Подигнатите копчиња на дизајнот на тастатурата се за поголема прецизност при пишувањето, а оваа тастатура дури може да оди во „sleep mode“ кога не е активна одреден период исто како и вашиот десктоп.

1 2 3

- Реклама -