Американската компанија Apple од први март повеќе нема да испорачува Mac Pro компјутери на пазарот во Европската унија, земјите кандидати и членки на ЕФТА, поради тоа што уредот не е во рамки со локалните прописи за електронска опрема.
Како што пренесува сајтот Zdnet.com, Mac Pro компјутерите не ги исполнуваат условите од првиот член на IEC 60950-1 стандардите, кој ќе стапи на сила на 1 март. По овој датум, препродавачите може да ги продаваат резервите, но нема да бидат снабдувани со нови.
Регулаторните одредби влијаат на продажбата на Mac Pro во сите 27 земји членки на ЕУ, како и во Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, кои се членки на ЕФТА.