„Индустриско производство“ на органи

„Индустриско производство“ на органиСпоред најновите сознанија и резултати за неколку години ќе биде елиминирана потребата за донирање на органи. Научниците на конференцијата за Technology, Entertainment and Design, која се одржа во Long Beach, претставиле технологија со чија помош успешно ќе се создаваат органи во лабораторија наменети за трансплантација. Според нив новата метода е мошне едноставна и може да се спореди со начинот на печатење.

– Тоа е како да правите колач, – вели Anthony Atala од Wake Forest институтот за регенеративна медицина. Со помош на скенер се изработува 3Д снимка на органот кој треба да се замени. Потоа преку земање на примероци од ткивата почнува процесот на создавање на органот, кое е исто како кога се копира некој напис или фајл. Уредот создава слој по слој и на крајот се добива нов идентичен здрав орган, спремен за трансплантација.

Доказ дека оваа технологија успешно функционира е случајот на Lukea Massele, момче родено проблеми на бубрезите. Тој е еден од првите луѓе кому му е вграден орган создаден во лабороторија, уште во текот на експерименталната фаза која почнала пред 10 години.

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

Но, за оваа метода има многу полемики. Не е спорно дека таа е добра ако се применува кај болни и релативно млади луѓе. Но, вакви органи можат да се произведуваат и за замена на остарените и истрошени со годините органи, а со цел да се продолжи човечкиот живот. Ако се усоврши и развие оваа “индустриска гранка”, се поставува пршањето до колку години би се продолжувал човечкиот живот, и каков би бил тој кога се знае дека и денес нè има многу, а храна и други расурси има сè помалку!

Оваа статија е преземена од списанието за наука и техника ЕМИТЕР

- Реклама -