Најлошите митови за здрава исхрана

исхранаПоголем дел од храната која наводно „е лоша за здравјето“ не е всушност штетна, туку е само невина жртва на добронамерни лаги. Добро избалансирана исхрана, искомбинирана со неколку мудри избори е сè што ви треба за да ги намалите грижите за вашето здравје.

Мит број 1: Премногу протеини им штетат на бубрезите

Реалност: Протеините помагаат во согорувањето масти, градењето мускули, и не се воопшто штетни за бубрезите.

Во 1983 година, истражувачи откриле дека јадењето повеќе протеини го зголемува количеството крв кое се филтрира во бубрезите секоја минута. Голем број научници веднаш заклучиле дека високо протеинската исхрана создава повеќе напор за вашите бубрези. Но тие направиле голема грешка. Во наредните две децении, неколку студии покажаа дека иако високо протеинската исхрана го зголемува количеството крв кое минува низ бубрезите, тоа нема никаков негативен ефект на нивната функција.

Мит број 2: Црвеното месо предизвикува рак

Реалност: Истражувањето вели да уживате во вашиот стек!

Во студија извршена во Јапонија во 1986 година, истражувачите откриле рак кај стаорци кои добивале храна со „хетероциклични амини“, соединенија кои се создаваат со предолгото готвење на месо на висока температура. Оттогаш, некои студии извршени врз големи групи имаат прикажано потенцијална поврзаност помеѓу месо и рак. Но сепак, ниту една студија никогаш не нашла директна причинско-последична поврзаност помеѓу конзумирањето на црвено месо и рак. Студиите извршени врз големи групи се неверодостојни. Тие зависеле од анкети за исхраната на луѓето и нивните здравствени проблеми – бројките се одлика на тренд, не причина.

Мит број 3: Премногу сол предизвикува висок крвен притисок

Реалност: Можеби, но премалку калиум исто така предизвикува висок крвен притисок.

Научниците се согласни дека не постои причина поради која луѓето со нормален крвен притисок да ја ограничат употребата на натриум. Ако веќе имате висок притисок, тогаш можеби сте „осетливи на сол“. Па, поради тоа намалувањето на количината сол која ја конзумирате може да биде корисно. Но, луѓето со висок крвен притисок кои не сакаат да ја избегнуваат солта едноставно можат да конзумираат повеќе храна која содржи калиум – балансот на овие два минерали е она што е важно. Всушност, холандски истражувачи утврдиле дека внесувањето на мала количина калиум има ист ефект врз крвниот притисок како и конзумирањето многу сол.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Мит број 4: Чоколадите се само празни калории

Реалност: Темната чоколада е здрава храна.

Какаото е богато со флавоноиди – истите соединенија кои се добри за вашето срце кои можат да се најдат и во црвеното вино и зелениот чај. Најпотентната форма на какаото е во темното чоколадо. Во неодамнешна студија, Грчки истражувачи откриле дека конзумирањето темна чоколада која содржи 100 милиграми флавоноиди ги опушта вашите крвни садови, со што го подобрува крвотокот до вашето срце. Но, важно е да се запомне дека млечното чоколадо содржи далеку помалку флавоноиди од темното.

Мит број 5: Прескокнувањето оброци помага во слабеење

Реалност: Прескокнувањето оброци, особено појадокот, дебелее.

Нејадењето ја пореметува способноста на вашето тело да го контролира вашиот апетит, и ја уништува самоконтролата. Ако го прескокнете појадокот, вашиот мозок едноставно ќе нема доволно енергија за да ја одбие сета храна која ќе му ја понудите подоцна. Последиците можат да бидат тешки: Според резултатите од студија направена во 2005 година, оние луѓе кои јадат појадок имаат 30 проценти помала веројатност дека ќе страдаат од прекумерна тежина.

- Реклама -