Дали во вашата исхрана имате доволно калциум, растителни влакна, магнезиум, калиум, или витамините A, C, и Е. Ако одговорот е не, најверојатно нема да имате голем здраствен проблем. Но конзумирањето на препорачаните количини ќе ви помогне да го одржувате вашето здравје и ќе го намали ризикот од хронични болести. Еве ги бројките (кои важат за жени) и мала помош за нивното протолкување.

Калциум
Препорачано: 1000 милиграми дневно.
Бенефит: Здрави коски.
Извор: Млечни производи, риба со коски, зеленчук.
Растителни влакна
Препорачано: 25 грама дневно.
Бенефит: Заштита од срцеви проблеми и го намалува ризикот од дијабетес.
Извор: Овошје, зеленчук, мешункасти растенија, житарки.
Магнезиум
Препорачано: 310 до 320 милиграми дневно.
Бенефит: Помага во одржувањето на нормалните мускулни и нервни функции и развивањето на коските.
Извор: Ореви, лешници, бадеми, сончоглед и риба.
Калиум
Препорака: 4700 милиграми дневно.
Бенефит: Помага во одржувањето на здравиот крвен притисок и ги намалува ефектите на солта, може да го намали и ризикот од формирањето на бубрежни камења и ги одржува коските во зрава состојба.
Извор: Компири, доматна паста и доматно пире, грав, јогурт, соја, банани.
Витамин А
Препорака: 2310 меѓународни единици денвно.
Бенефит: Важен за видот, производство на црвени крвни зрнца, развојот на ембрионот и функциите на имунитетот.
Извор: Месо од органи, портокалови и зелени зеленчуци.
Витамин С
Препорака: 75 милиграми дневно.
Бенефит: Функционира како антиоксидант кој се бори против болести, може да помогне во одржувањето на здрав имунитет.
Извор: Овошје и зеленчук, вклучително и портокали, лимони и цитрони, црвени и зелени пиперки, киви и гуава.
Витамин Е
Препорака: 15 милиграми дневно.
Бенефит: Функционира како антиоксидант кој се бори против болести, има позитивен ефект врз здравјето на очите.
Извор: Некои житарици, некои масла, бадеми, кикирики, путер од кикирики.