Зацврстете го телото до викендот

Вежбање Во викендот кој претстои имате закажано некоја прослава, треба да се појавите на некој важен настан, мора да изгледате максимално добро, но се чувствувате неудобно поради фактот што сте го запоставиле телото некој период? Наместо да се чувствувате лошо, искористете ја неделата што ви преостанува да го зацврстите телото со добра комбинација од ефективни вежби и здрава исхрана. Еве како.


Во викендот кој претстои имате закажано некоја прослава, треба да се појавите на некој важен настан, мора да изгледате максимално добро, но се чувствувате неудобно поради фактот што сте го запоставиле телото некој период? Наместо да се чувствувате лошо, искористете ја неделата што ви преостанува да го зацврстите телото со добра комбинација од ефективни вежби и здрава исхрана. Еве како:

ВежбањеГрицкајте ги вистинските нешта!

Овошјата кои се богати со калиум (банани, киви) се вистински непријател на надуеноста, која настанува поради преголем внес на натриум (главно преку солта). Секогаш кога ќе сакате да грицнете нешто, посегнете по некое од овие овошја наместо по конвенционалните грицки. Разликата ќе стане очигледна за една недела.

Максимално зголемете го согорувањето калории во текот на вежбањето

Кардио-вежбите искомбинирајте ги со вежби со тегови кои се за нијанса потешки од оние со кои обично вежбате. Направете три серии со потешките тегови и наместо меѓу сериите да земате здив или да се растегнувате, направете едноминутни кардио-вежби со висок интензитет (скокање со јаже, џогирање во место итн.).

Јадете чиста храна

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Едноставно: заменете ги грицките (чипс, смоки, итн.) со интегрална храна која наместо празни калории има хранливи материи кои му требаат на вашето тело. Дополнително, конзумирајте храна која е богата со растителни влакна (грав) која ве држи заситени подолго, а воедно го забрзува варењето на храната. Не заборавајте да јадете барем 200 грама овошје и исто толку зеленчук секој ден – ова ефективно ќе ви го намали внесот на калории, а истовремено ќе ви го подобри имунитетот – никогаш не сакате да се разболите пред голем настан! Секако, постои и едно нешто на кое мора да заборавите – шеќер, без разлика дали е бел, кафеав или пак се содржи во медот – ќе ви ја поткопа диетата со празни калории.

Најефективно вежбање

Доколку можете, излезете на џогирање или возење велосипед, ролери итн. Во овој случај, менувајте го темпото. На неколку минути забавувајте и забрзувајте. Шокот што го претрпува организмот го зголемува согорувањето калории. Ако сте зафатени и не можете да излезете, па одвојувате само половина час за во теретана, тогаш направете го тоа вежбање максимално ефективно. Комбинирајте ја кардио-сесијата (трчање на трака, скокање со јаже) со клекнувања со испружени раце (3 мин. со 1 мин.). Бројот на потрошени калории ќе е далеку поголем отколку ако лутате меѓу справите.

- Реклама -