3 трикови за покус пат до добро здравје

Здравје На најголемиот дел од луѓето, ништо не им е поважно отколку здравјето. Но понекогаш, патот до добро здравје изгледа претежок или пак едноставно, поради модерниот начин на живот, времето не дозволува да се поработи на него. За среќа, постојат трикови кои ќе ви помогнат да си ја подобрите здравствената состојба со помалку мака.


На најголемиот дел од луѓето, ништо не им е поважно отколку здравјето.
Но понекогаш, патот до добро здравје изгледа претежок или пак
едноставно, поради модерниот начин на живот, времето не дозволува да се
поработи на него. За среќа, постојат трикови кои ќе ви помогнат да си
ја подобрите здравствената состојба со помалку мака.

Здравје1. Кардиоваскуларна активност

Идеално е да посветите по 30 минути од секој ден на физичката активност која го стимулира срцето. На тој начин го намалувате штетниот, а го подигате нивото на корисниот холестерол во крвта. Воедно, го намалувате ризикот од срцеви заболување и дијабетес.

Доколку не сте во можност, обидете се со секојдневни десетминутни прошетки. Ако успеете да го задржите интензитет како и во получасовните тренинзи, ќе потрошите речиси ист број калории, а користа за срцето ќе е далеку поголема отколку ако престанете со вежбање потполно.

Одлични супститути за вежбањето се и:

– 10 минути од паузата за ручек искористете ги во пешачење;
– Прошетајте го кучето на малку подолга патека;
– Почесто користете ги скалите наместо лифтот.

2. Овошје и зеленчук во исхраната

Идеално, треба да конзумирате 5 до 9 порции овошје и зеленчук дневно. На тој начин ја добивата целата потребна количина на хранливи материи, витамини и растителни влакна.

Доколку не сте во можност, обидете се со:

– сушени овошја кои ви се достапни во секој маркет. Тие се богати со витамини, исто како и свежите овошја;
– смрзнати овошја – ставете ги во нискокалоричен крем или шлаг и направете си вкусен десерт кој воедно ќе е и корисен за вас;
– овошје и зеленчук од конзерва. Иако не се потполно исти како свежите, сепак доволно се блиску, а и далеку покорисни отколку да се оддадете на брза храна.

3. Спиење

Идеално треба да спиете минимум 7 часа на ден. Една студија направена во Велика Британија покажа оти луѓето кои спиеле помалку од 5 часа дневно имаат поголеми шанси за покачен крвен притисок, отколку тие кои добро се наспале. Дополнително, недостатокот на сон доведува до покачување на телесната тежина и слабеење на имунитетот.

Доколку немате време да се наспиете секоја вечер (понекогаш деновите се прекуси), дремнете преку ден. Гореспомената студија исто така покажа дека луѓето кои си дозволуваат дремки преку денот имаат далеку помали шанси да заболат од срцеви заболувања отколку оние кои никогаш не спијат преку ден.

Дополнителни предлози:

– одвојте 20 минути за сиеста (дремка по ручек) за да се освежите;
– Кога ќе си отидете дома по работа, легнете и затворете ги очите. Дури и ако не заспиете, 10 минутното лежење ќе има пријатен ефект на вашето тело.

- Реклама -