15 интересни факти за човечкиот организам

Повеќе... Дали сте знаеле дека десничарите се посклони да ја џвакаат храната на десната страна, а левичарите на левата? Доколку веќе не чувствувате жед, треба да пиете повеќе вода, а ако џвакате гума додека лупите кромид нема да ви солзат очите.

Дали сте знаеле дека десничарите се посклони да ја џвакаат храната на десната страна, а левичарите на левата? Доколку веќе не чувствувате жед, треба да пиете повеќе вода, а ако џвакате гума додека лупите кромид нема да ви солзат очите.

15interesnifakti.jpg

Еве неколку интересни факти кои можеби не сте ги знаеле:

  1. Десничарите се посклони да ја џвакаат храната на десната страна, а левичарите на левата.
  2. Кога човечкиот организам ќе дехидрира, се исклучува механизмот за жед.
  3. Џвакањето мастики го спречува солзењето при лупење кромид.
  4. На јазикот нема никакви бактерии само кога неговата боја е розова. Ако е бел, тоа значи дека има тенок слој бактерии на него.
  5. Зеницата на окото се проширува до 45 проценти кога личноста гледа нешто пријатно.
  6. Корнеата на окото е единствениот дел од човечкиот организам кој не се снабдува со крв, а кислородот го зема директно од воздухот.
  7. На просечен човек кој престанал да пуши, му е потребно еден час помалку спиење.
  8. Смеењето го намалува нивото на хормоните за стрес и го зајакнува имунолошкиот систем. Шестгодишно дете се смее просечно 300 пати на ден, додека возрасните 15-100 пати.
  9. Сината боја има исто така смирувачки ефект и предизвикува лачење на смирувачки хормони.
  10. Звукот на море кој се слуша од школка, всушност е звукот на крвта која поминува низ вените од увото.
  11. Со секое кивнување, по една мозочна ќелија умира.
  12. Кога некој ќе поцрвене од срам, му поцрвенува и стомакот.
  13. Звукот кој се слуша при „пукањето на прстите“, е всушост пукање на балончиња од азот.
  14. Човечката коса и нокти продолжуваат да растат и по смртта.
  15. Интелегентните луѓе имаат поголема количина на цинк и бакар во косата.
Прочитајте и:  Придобивките од цинкот за нашето тело и колку можеме да внесуваме дневно
- Реклама -