Арсовска: „Го охрабрувам Славески да ја стави точката на приватните превозници на дневен ред. Биди храбар Трајко!“

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска преку соопштение му одговори на претседавачот на Советот Трајко Славески и даде поддршка да ја стави точката за приватните превозници на дневен ред на седница.

Како што стои во соопштението од Арсовска, бидејќи Трајко Славески никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, се вели, а овој пат бара поддршка од мене – ја има.

– Го охрабрувам Трајко Славески, како што и веќе на писмено му одговорив во текот на седницата на Советот со доставување на мислењето од моја страна кое го бараше, да ја стави точката на приватните превозници на дневен ред и заедно со останатите советници да ја разгледаат и да донесат одлука дали ќе ја поддржат и ќе прифатат зголемена цена за превоз на приватните превозници или не. Биди храбар Трајко! се вели во соопштението.

Прочитајте и:  Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ и нивните советници повторно одбија да гласаат набавка на нови автобуси, на следни избори да не им верувате
- Реклама -