Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ и нивните советници повторно одбија да гласаат набавка на нови автобуси, на следни избори да не им верувате

Денешната седница на Советот на Град Скопје е само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните советници немаат намера да го средат хаосот во јавниот сообраќај. Напротив, денес повторно се докажува дека всушност тие се креатори на хаосот.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно, по 26 пат одбија да гласаат набавка на нови автобуси.

Повторно го блокираа проектот за БРТ со кој Скопје би добил 60 нови автобуси во рамки на брзиот автобуски превоз.

И како тоа да не е доволно, Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел за да се продлабочи кризата и зголеми хаосот.

Прочитајте и:  ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија

Оттука, апелираме до граѓаните, следниот пат кога имаат можност својот глас да го дадат на локални избори за избор на Совет на град Скопје, да не веруваат на ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ.

Одделение за односи со јавност

Град Скопје  

- Реклама -