Nissan ја претстави обновената верзија на спортската верзија GT-R, чија продажба на европскиот пазар ќе започне во пролетта 2013 година.
Возилото добило нови инјектори за шестцилиндерскиот би-турбо мотор со зафатнина од 3,8 литри, а исто така и нови издувни вентили и преработен блок. Моќноста на агрегатот не е променета – 550 КС, но забрзувањето од 0 до 100 km/h е малку побрзо – 2,7 секунди, додека кај досегашната модификација беше 2,84.
Освен тоа „Годзила“, како што Јапонците го нарекуваат автомобилот е опремен со модернизирани предни амортизери, нов вид пружини и стабилизатори. Според претставник на компанијата сето тоа доведе до намалување на центарот на тежиштето, подобрено е управувањето и сега пред вас е автомобил поотпорен на свиоци.
Сето тоа даде брз резултат, новата верзија на GT-R го подобри своето најдобро време на минување на патеката во Нирбургринг, каде што се тестираат спортските модели на најголемите автомобилски производители.
Времето на ѕверката е 7 минути и 18,6 секунди, што е за 2,4 секунди побрзо од она на досегашната верзија. Во споредба со модификација од 2007 година постигнувањето на обновениот GT-R е со цели 20 секунди подобро. Од Nissan засега не откриваат дополнителни детали за машината, а не се споменува цената, која ќе биде околу 100.000 долари.