Малтежаните најздрави меѓу жителите на ЕУ

Очекуваниот број на години на здрав живот во ЕУ во 2022 година во просек изнесувал 62,8 години за жените и 62,4 години за мажите, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат.

Гледано по земји, најдолг здрав животен век имаат жителите на Малта и тоа 70,3 години жените и 70,1 година мажите.

Кога станува збор за очекуваната должина на здрав живот кај жените, „вицешампиони“ се Бугарките со 68,9 години, пред Словенките со 68,5 години.

Кај мажите по Малтежаните следуваат Швеѓаните со 67,5 години и Италијанците со 67,1 година.

Од друга страна најкус здрав животен век има кај жените во Данска од 54,6 години, по што следуваат Летонките со 55,4 години и Холанѓанките со 56,3 години.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Меѓу машката популација во ЕУ најкраток здрав живот имаат Летонците од 53 години, пред Словаците од 56,6 и Данците од 57,1 година.

Кога станува збор, пак, за вкупниот очекуван животен век во ЕУ, тој во просек изнесува 83,3 години за жените и 77,9 години за мажите.

Споредбената статистика покажува дека процентот на години на здрав живот во вкупниот животен век кај жените изнесува 75, а кај мажите 80 отсто, што во голема мера се должи на покусиот животен век на машката популација за 5,4 години.

- Реклама -