Остин: Употребата на американско оружје за извршување удари со долг дострел во Русија нема значително да ја промени ситуацијата во Украина

Користењето на американското оружје што му е доставено на Киев за да изврши удари со долг дострел во Русија нема значително да ја промени ситуацијата во Украина, изјави американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

На овој начин, како што пренесуваат странските агенции, тој суптилно се спротивстави на желбата на Киев да ги отстрани ограничувањата за употреба на ова оружје.

По состанокот во американската воздухопловна база во западниот германски град Рамштајн за помошта за Украина, Остин рече дека Русија повторно ги преместила своите бомби за планирање надвор од дострелот на ракетите АТАКМС.

Тој додаде дека Украина има значителни способности да напаѓа цели далеку од дострелот на британските крстосувачки ракети „Сторм Шадоу“.

Прочитајте и:  Британски министер: Русија може да ја нападне нашата енергетска мрежа

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Германија ги повика воените лидери на западните земји да и дозволат на Украина да гаѓа цели длабоко на руска територија. 

„Треба да ја имаме оваа можност (на напад), не само на поделената територија на Украина, туку и на територијата на Русија, за Русија да биде принудена да бара мир. Треба да ги натераме руските градови, па дури и руските војници да размислуваат за тоа што треба: мир или Путин“, рече Зеленски на состанокот на Контакт групата во воздухопловната база Рамштајн.

- Реклама -