Димитровски: Пораките од Вашингтон се дека треба да продолжи дијалогот Скопје – Софија

Пораките што доаѓаа од Вашингтон се дека треба да продолжи дијалогот меѓу Скопје и Софија. Со други зборови, ако треба да продолжи дијалогот, значи мора да се изнајде и решение, изјави вечерва заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски.

Тој нагласи дека нашиот интеграциски пат зависи од тоа дали Софија натаму ќе ја крене „рампата“. Во работата на Историската комисија меѓу Скопје и Софија, како што рече, има застој.

– Ние чекаме легитимна влада од Софија. Гледаме дека таму работите повторно водат кон нови избори. Јас се надевам дека проевропските сили ќе бидат повторно на власт во Софија и оние сили што ќе сфатат рационално дека Македонија и Бугарија во иднина, треба да живеат како две добрососедски земји, членки, со взаемно уважување, а не понижување и со прифаќање на идентитетот на Македонците, додаде Димитровски, кој гостуваше на телевизија „Канал 5“.

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување

Прашан околу дијалогот со Атина и дали очекува средба меѓу премиерите Кирјакос Мицотакис и Христијан Мицкоски или на ниво на министерствата за надворешни работи, тој рече дека би било корисно да се одржи таков состанок.

– Немам најави, но, мислам дека би било корисно да се одржи таква средба и да продолжат разговорите и да дојде до едноставно релаксација на меѓусебните односи. Тоа што е многу поважно, е и покрај какви било разлики, да продолжат и економските и другите културни врски и со Бугарија и со Грција, подвлече  заменик министерот Димитровски.

- Реклама -